ПРАКТИЧНО, ФЛЕКСИБИЛНО, ДОСТАПНО: НОВИОТ OPEL COMBO START ОВОЗМОЖУВА ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ КЛИЕНТИ

  • Клуч за флексибилност: Flexiseat, Modutable и други паметни решенија го олеснуваат мобилното работење и овозможуваат варијабилен простор за складирање
  • Уникатен дизајн: Combo Start со робустен преден дел и редизајниран кокпит ориентиран кон возачот
  • Широк спектар на погони: електричен погон на батерии, со дизел и бензински мотори и, во иднина, и како 48V хибрид

Opel ја проширува својата понуда на решенија прилагодени за професионалци: од есента, новиот Opel Combo Start ќе биде достапен како најпристапна верзија меѓу компактните лесни комерцијални возила (LCV). Покрај исклучително привлечната цена, Combo Start ќе се одликува со својот препознатлив дизајн и висока флексибилност за сите потреби при секојдневната работа. Меѓу опремата се издвојуваат варијабилното, модуларно FlexiSeat седиште, кое го зголемува просторот за складирање на совозачката страна, како и паметни решенија како Modutable и нов простор за складирање под возачкото седиште. Дополнително, Opel Combo Start им овозможува на корисниците слободен избор на погон. Понудата се движи од целосно електричен погон, преку ефикасни дизел и бензински мотори, па сè до 48V хибрид, кој ќе ја надополни понудата од 2027 година.

Opel Combo Start: непогрешен изглед и уникатни флексибилни решенија

Opel Combo Start веднаш се истакнува како нова, пристапна и ефикасна верзија меѓу лесните комерцијални возила. Неговиот смело дизајниран и истакнат преден браник на прв поглед нагласува дека е создаден за издржливи и тешки задачи. Истото важи и за внатрешноста. Кабината ориентирана кон возачот е опремена со нова инструмент табла и нови панели на вратите, кои истовремено ја зголемуваат робусноста и ја подобруваат ергономијата, како и искористеноста на просторот. Сè во Combo Start е насочено кон практичната работа, идеален партнер и за доставни услуги, и за градилишта, како и за мали и големи возни паркови.

Целата кабина е осмислена да овозможи максимална флексибилност. Ова особено доаѓа до израз кај редизајнираната совозачка страна со таканареченото FlexiSeat. FlexiSeat, кое е единствено во овој сегмент, претставува модуларно седиште за едно лице. Сепак, седиштето може да се преклопи нагоре, со што товарниот волумен се зголемува за 0,5 m³. На тој начин се создава дополнителен простор во пределот за нозете кај совозачот, погоден за пакети, кутии со алат или други работни помагала. Покрај тоа, кабината е опремена со приклучок за напојување од 230 V, што овозможува полнење на таблети, лаптопи и други електронски уреди.

Опционалната Modutable на совозачката страна, кој може да се користи како практична полица во мобилната канцеларија или како масичка за оброци, дополнително ја збогатува функционалноста на возилото. Оваа иновација е специјално развиена и за Combo Start, кој ќе биде претставен оваа есен. Површината може да се користи како мало биро за лаптоп, додека пијалаците може безбедно да се сместат во држачот за чаши. Заштитна мрежа под масичката спречува предметите од товарниот простор во просторот за нозете кај совозачот да се придвижат кон возачот. Во иднина ќе биде достапна и верзијата ModutablePlus, која наместо мрежа располага со затворена вертикална преграда погодна за складирање документи од формат А4. Кога не е во употреба, Modutable може компактно да се складира зад преградниот ѕид на кабината, во товарниот простор.

Другите иновативни карактеристики кај Combo Start вклучуваат:

  • Кутија кај контролната табла: Тука, контролната табла има дополнителни прегради за складирање на горниот дел за секојдневни предмети.
  • Фиока под возачкот оседиште: дополнителната фиока за складирање се користи за складирање на бележници, таблети итн. во невидливиот дел под седиштето на возачот.
  • Moduconsole: централната конзола, која може флексибилно да се прикачи и отстрани, има држач за чаши и затворен простор за складирање.
  • Moduwork: оваа конфигурација овозможува трето седиште во средината. Кога не се користи, седиштето може да се преклопи или да се користи како отвор при товарење на долги предмети.

Друга предност кај новиот Combo Start е широкиот избро на опции за погон прилагодени на сите намени и потреби на клиентите. Целосно електричниот Combo Start Electric од 100 kW (136 КС) ќе ја олесни секојдневното работење благодарение на батерија од 42 kWh (употреблив капацитет), обезбедувајќи исклучително конкурентен досег без локални емисии до 270 km (WLTP).  Алтернативно, достапни се дизел верзиите од 74 kW (100 КС) и 96 kW (130 КС), како и бензински мотор со 81 kW (110 КС). Ефикасните мотори со внатрешно согорување секогаш се комбинираат со мануелни менувачи. Од 2027 година, во портфолиото ќе се додаде и хибридна верзија од 48V.

Занаетчиите не мора да прават никакви компромиси. Combo Start ги нуди сите вообичаeни предности на Combo. Како и до сега, ќе биде достапен во две должини. Покрај тоа, нуди волумен на товарен простор до 4,4 m3 и, во зависност од погонот, носивост до еден тон. На овој начин, новиот Opel Combo Start, кој ќе биде достапен за нарачка од есен, комбинира докажана флексибилност со иновативни карактеристики за удобност во внатрешноста, нудејќи особено конкурентен однос помеѓу цената и перформансите.

 

 

Scroll to Top