Џорџ Расел беше најбрз во спринт трката возена во рамките на Големата награда на Канада. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа во спринт трките сезонава, има и еден триумф во главните трки.
Расел во Монтреал победи пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Андреа Кими Антонели. Зад нив се пласираа Оскар Пјастри, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Арвид Линдблад.
Спринтот во Монтреал донесе возбудувања во шестиот круг, кога Антонели два пати го нападна лидерот во трката, расел, не успеа да го помине. Неговата агресивност предизвика реакција и во боксот на Мерцедес.
Нападите на Антонели против Расел ги искористи Норис, кој ја презеде втората позиција.
Во финишот Хамилтон имаше мал контакт со „Сидот на шамионите“, поради што остана без четвртата позиција.







