Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула и го врати Нико Паз од Комо за девет милиони евра.
Реал, сепак, нема да го задржи талентираниот офанзивен играч за врска.
Планот на Флорентино Перез е да почекаат до понеделник Комо да плати 60 милиони евра. Доколку италијанскиот тим одбие, ќе го понудат Паз на други тимови.
Паз се етаблираше во Реал, пред сè во Б-тимот, додека од 2024 година е член на Комо, каде што пристигна за 6.000.000 евра.
Реал намерно остави мала откупна клаузула, која ја активираше минатата недела. Инаку, Паз е на Светското првенство со Аргентина.
21-годишникот е еден од најдобрите играчи во Серија А, а минатата сезона имаше учинок од 12 гола и седум асистенции на 35 натпревари.
Foto/ Depositphotos







