Серху Гираси побарал трансфер

Најдобриот стрелец на Борусија Дортмунд оваа сезона, Серху Гираси, ги известил клупските челници дека сака да си замине на крајот од сезоната.

Како што објави германскиот весник „Билд“, Гираси по неколку рунди преговори заклучил со раководството на Дортмунд дека е најдобро за него да го напушти клубот доколку пристигне вистинската понуда.

Неговиот брат и менаџер, Карамба, сега е во потрага по најдобрата опција.

Фенербахче, Милан, Тотенхем и неколку клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за 30-годишниот репрезентативец на Гвинеја. Им помага и откупната клаузула од 35 милиони евра, која ќе биде активирана во јули.

Гираси постигна 18 гола во сите натпреварувања оваа сезона, што го прави најдобар стрелец на „милионерите“. Тој постигна 13 голови во Бундеслигата и е четврти најдобар стрелец во шампионатот. На првото место е недостижниот Хари Кејн со 31 гол.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top