По шокантното реми од 1:1 против ДР Конго на Светското првенство, Кристијано Роналдо одлучи да ги избегне новинарите во микс-зоната, но набрзо се огласи преку социјалните мрежи.
По натпреварот следуваа жестоки критики на сметка на фудбалерот, меѓу кои и од легендите Тиери Анри и Вејн Руни.
Португалецот испрати јасна порака до јавноста преку социјалната мрежа Икс.
„Не беше ова почетокот што го посакувавме, но ова е далеку од готово. Главите горе и фокус на следниот натпревар“, напиша тој.
Искусниот голгетер призна дека премиерата на Мундијалот не поминала како што планирале, но порача дека тимот не ја губи надежта и дека продолжува понатаму.
Иако ги одигра сите 90 минути и со точно 41 година и 132 дена стана најстариот стартер во историјата на светските првенства, Роналдо на теренот не личеше на себе.
Сувата статистика ја откри неговата моментална форма и покажа зошто Португалија беше безопасна во нападот.







