Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Слот направи двојна замена на полувремето, при резултат 0:0, а еден од играчите што влезе беше дефанзивецот Џо Гомез, кој го замени Џереми Фримпонг.

Сепак, по малку повеќе од 20 минути игра во второто полувреме, односно во 67-та минута, Слот одлучи да го извади Гомез од игра. Тој беше заменет од младиот напаѓач Рио Нгумоа.

Нема информации дека Гомез претрпел некаква повреда, ниту пак се чинеше дека е така кога го напушти теренот, што го прави овој потег на Слото многу необичен.

Само пет минути откако Гомез го напушти теренот, Ливерпул прими гол за 0:1, а до крајот Дембеле постигна уште еден, со што го постави конечниот резултат 0:2.

Scroll to Top