Канадскиот репрезентативец Исмаел Коне доживеа ужасна повреда, во натпреварот Канада-Катар (6:0).
Тој ја скрши тибијата по стартот на играчот на Катар во 52-та минута од натпреварот во Ванкувер.
Натпреварот беше веднаш прекинат, играчите се држеа за главите, а навивачите беа исплашени.
Додека му помагаа, судијата Кристијан Гарај од Чиле се консултираше со ВАР собата и му покажа директен црвен картон на Асим Мадиб.
По десет минути пауза, Коне беше изнесен од теренот на носилки со овации од трибините.
Десет минути подоцна, неговата замена Натан Салиба постигна гол од слободен удар и прослави држејќи го дресот на Коне.
Последните информации говорат дека фудбалерот на Сасуоло ги скрши двете потколеници, тибијата и фибулата и се очекува прво да биде опериран. Овој вид повреда бара најмалку четири до пет месеци одмор, па не само што Светското првенство е завршено за него, туку ќе го пропушти и првиот дел од сезоната.
Foto/ EPA







