Фабињо пристигна во Трабзон

Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон.

Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад.

Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон.

Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top