Возачот на Ферари, Шарл Леклер, триумфираше на Големата награда на Велика Британија, деветтата трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Возачот од Моте Карло, победи во Силверстоун по 623 дена, поточно од трката во Остин во октомври 2024 година. Најблиску до Леклер беше Џорџ Расел во Мерцедес, додека вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, беше на третото скалило на подиумот.
За Леклер, ова е деветта победа во кариерата, која ја постигна откако возеше без грешка, бидејќи на стартот го престигна освојувачот на пол-позицијата Кими Антонели во Мерцедес, а потоа на рака му одеше и се она што се случуваше на патеката.
Расел го искористи излегувањето на безбедносното возило на патеката, откако Ферстапен излета и заврши во песокот. За разлика од возачите на Ферари, Расел не влезе во боксот и тука го престигна Хамилтон.
Ферстапен се изврте на пет круга до крајот, ја изгуби контролата врз автомобилот и заврши во песокот, веднаш под трибината на Ландо Норис.
Поради ова, на патеката излезе безбедносно возило, кое остана на патеката до крајот на трката.
Лидерот во вкупниот пласман, Андреа Кими Антонели ја одбележа и трката во Британија, кога неговиот автомобил се оштетеи, откако помина преку тротоарот и му го блокираше левото тркало. Иако Антонели стигна до боксот, а механичарите успеаја да откинат еден дел, Италијанецот не можеше ниту да освои бод. Во моментот кога се појави проблемот, младиот Италијанец го држеше второто место и го бркаше Леклер.
По првите тројца следуваше бранителот на титулата Ландо Норис, пред возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, и дуото на Рејсинг Булс, Лиам Лосон и Арвид Линдблад. Освојувачите на бодови ги комплетираа Габриел Бортолето од Ауди и возачите на Алпин, Франко Колапинто и Пјер Гасли.
Антонели сега е на чело на генералниот пласман со 179 бода, по него следуваат Расел со 136 и Хамилтон со 132.
Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Белгија од 17 до 19 јули.
Foto/ EPA







