Хвича Кваратцхелија нема намера да го напушти Пари Сен Жермен ова лето, и покрај интересот од Арсенал, откри неговиот татко Бадри. Грузискиот репрезентативец, 25-годишен крилен напаѓач, е целосно посветен на проектот на францускиот клуб, со кој се бори за втората последователна титула европски шампион, пишува „Goal.com“.
Медиумите веќе некое време го поврзуваат Арсенал со грузилскиот напаѓач, бидејќи менаџерот Микел Артета се обидува да ги зајакне своите напаѓачки опции во летниот преоден рок.
Англиските медиуми објавија дека лондонскиот клуб ја истражува можноста за трансфер на 25-годишникот, кој откако се пресели од Наполи во ПСЖ за 80 милиони евра во јануари 2025 година стана еден од најдобрите крилни напаѓачи во Европа. Сепак, Арсенал се соочува со тешка задача.
ПСЖ во моментов го смета капитенот на Грузиа за недопирлив по година и пол одлични игри во Париз, а бидејќи актуелните европски шампиони сакаат да го задржат ‘рбетот на тимот, трансферот на Емирати изгледа малку веројатен.
Во разговор за „Квирис Палитра“, таткото на играчот, Бадри, ги отфрли шпекулациите за летен трансфер. Тој нагласи дека неговиот син е совршено задоволен од животот во Франција и дека нема желба да замине додека тимот се бори за најголемите трофеи.
„Дали Хвича треба да го напушти ПСЖ? Тој воопшто не размислува за тоа. Среќен е во Париз, клубот го цени и го почитува исклучително. Зошто воопшто би размислувал за заминување кога освојува титули со тимот и е еден од клучните играчи на ПСЖ? Доколку ПСЖ повеќе не сака да ја продолжи соработката, ќе разгледаме други опции, но тоа во моментов не е тама на дискусија.“
Кваратцхелија ги оправда очекувањата откако пристигна во Франција. На 74 настапи за шампионите од Лига 1, тој постигна 24 гола и забележа 17 асистенции.
Foto/ Depositphotos







