Хезоња го напушта Реал

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња го напушта Реал Мадрид ова лето. Хрватскиот кошаркар го известил Реал Мадрид дека го напушта тимот и оди во НБА.

Кога Хезоња потпишал повеќегодишен договор, важна ставка била клаузулата што му овозможува да оди во НБА кога ќе заврши сезоната и секоја година до одреден датум, Марио може да преговара со НБА тимовите.

Во понеделникот, Хезоња ги известил челниците на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата и ќе оди во НБА лигата, а шпанската „Марка“ пишува дека самиот ќе го плати обесштетувањето од 875.000 долари.

Ова е, патем, максималната цена што еден НБА тим ја плаќа за слободата на еден играч, а бидејќи се чини дека Марио нема конкретен договор со некој тим, тој решил сам да си го плати излезот од договорот.

Неговата желба е да се врати во Соединетите Американски Држави, а тамошните тимови се импресионирани од неговиот напредок и се подготвени да му понудат уште една шанса на поранешниот петти пик на Орландо Меџик.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top