Повредата на Ромелу Лукаку може да го реши статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус. Белгискиот напаѓач, според прогнозите од Неапол нема да игра до крајот на годината. Влаховиќ сега се појави како опција во нападот за актуелниот италијански шампион.
Трансфер пазарот во Италија влегува во својата последна фаза, се очекува дека неколку трансфери за кои се зборува во изминатиот период ќе добијат епилог.
Интер дефинитивно се откажа од Адемоле Лукман.
Преговорите со Аталанта не вродија со плод бидејќи клубот од Бергамо не сакаше да попушти, побара фиксни 50 милиони евра, без никакви бонуси.
По неуспешните разговори, Лукман се враќа во Бергамо, каде што се соочува со дисциплинска казна за пропуштање тренинзи.
Останува да се види дали Атлетико Мадрид ќе го конкретизира својот интерес до крајот на преодниот рок, иако во моментов се чини дека се поблиску до поповолно решение околу трансферот на Нико Гонзалез од Јувентус. Од друга страна, Јувентус би можел да го реши проблемот наречен , Душан Влаховиќ.
Неочекувано Влаховиќ би можел да заврши во Наполи, поради повредата на Ромелу Лукаку. Белгиецот ќе мора да се оперира и ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци. Ова го принуди Наполи повторно да тргне во потрага по напаѓач.
Според медиумите покрај Влаховиќ во конкуренција се Расмус Хојлунд, Стеван Крстовиќ, Артем Довбик, Родриго Муниз од Фулам и Џошуа Зиркзе. Медиумите шпекулираат, но реално е Наполи да избира меѓу Хоклунд и Влаховиќ, останатите имаат цврсти договори со клубовите, што значи дека за некој од нив клубот би требало да плати голема оштетта.
Хојлунд е отпишан во Манчестер јунајтед, претпоставка е дека клубот би го пуштил за околу 25 милиони евра, додека Влаховиќ доколку сака трансфер ќе мора најпрвин да се согласи на дратично намалување на платата. Според договорот, оваа сезона треба да заработи 12 милиони евра.
Фото/ Принтскрин