Чешкиот кошаркар Јан Весели ќе се пензионира по завршувањето на сезоната, објави неговиот клуб Барселона.
Во екот на шпекулациите околу иднината на Весели, 36-годишникот реши да ја шокира јавноста сп одлуката да стави крај на кариерата.
Весели ги помина изминатите четири години во Барселона, каде што дојде од Фенербахче.
Весели го постигна најголемиот успех во својата кариера како играч на Фенербахче, со овој тим ја освои Евролигата 2017 под водство на Жељко Обрадовиќ, а две години подоцна беше прогласен за МВП.
Покрај тоа, во раните фази од неговата кариера како крилен играч, а подоцна и како центар, тој освои бројни титули во националните првенства и три пати беше во идеалниот тим на Евролигата.
Foto/ EPA







