Алваро Арбелоа, тренерот на Реал, уште еднаш јавно го критикуваше судењето. Тој се огласи по нерешениот резултат против Бетис.
„Кралскиот клуб“ ремизираше во Андалузија, прими гол во 94-та минута и практично се збогуваше со титулата во Ла Лига.
Алваро Арбелоа не ги криеше своите емоции и беше критичен кон судиите по натпреварот.
„За мене, сосема е јасно дека беше фаул врз Менди. Не е потребно многу за да се изгуби рамнотежата во вакви ситуации, кога го користиш своето тело. Но, за тоа треба малку да го разбираш фудбалот.
А ние имаме проблем бидејќи оние што ги носат одлуките очигледно не го разбираат фудбалот. Разочарување, како многу пати претходно. Многу јасен пенал не беше досуден за нас во првото полувреме, со кој можевме да го затвориме натпреварот“, почна Арбелоа, а потоа продолжи за ударот на Браим Дијаз, кога топката ја погоди раката на Рикардо Родригез.
„Чист пенал, со отворена рака, по ударот на Брахим. Нема што да се гледа, сè е кристално чисто. А во последната акција, Менди веќе зазеде позиција. Доволно е малку да го допрат по раката… Не е прв пат да ни се случи нешто вакво. Ова се одлуки што многу влијаат на играта“.
На прашањето како се чувствува Килијан Мбапе, кој мораше да биде заменет во 81-та минута поради повреда, одговори:
„Немам поим. Имаше проблеми и ќе видиме во наредните денови како ќе се развива ситуацијата“.
Foto/ Depositphotos







