Болоња и Доменико Тедеско се разделија по само три месеци соработка.
Италијанско-германскиот тренер, трета пат во последните четири години доби отказ, Тој беше заменет во Лајпциг, неговиот договор со белгиската репрезентација истече и не беше обновен, беше заменет во Фенербахче, а сега и во Болоња по само четири натпревари.
Причината за таквата рана промена е лошиот почеток на Болоња и трите порази со само едно реми во првите четири натпревари од Серија А.
Тедеско немаше многу среќа во последните години. Од мај 2021 година, кога успешно го заврши својот мандат во Спартак Москва, беше отпуштен од РБ Лајпциг по девет месеци, Белгија не сакаше да му го продолжи договорот по само година и пол соработка.
Во Фенербахче се задржа помалку од една година, а сега, рекордно, беше отпуштен по само три месеци и четири натпревари.
Тедеско е вториот тренер во Серија А, кој доби отказ од почетокот на сезоната. Претходно Фиорентина се раздели со Фабио Гросо.
Foto/ Depositphotos







