Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата.
Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2.
Во текот на три години во Баер, тој одигра 143 натпревари со 23 гола и 25 асистенции, и беше дел од тимот на тренерот Чаби Алонсо кој ја освои двојната круна во сезоната 2023/2024, Бундеслигата и Купот на Германија.
Според медиумските извештаи, Борнмут платил 29 милиони евра за да ги откупи преостанатите три години од договорот на Адли.
Баер остана без уште еден клучен играч од шампионската сезона ова лето, по заминувањата на тренерот Чаби Алонсо, голманот Лукаш Храдецки, капитенот Џонатан Тах, Гранит Џака, Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг.
Фото/ Принтскрин