Вардар и Шкендија дознаа против кого ќе играат во 3.коло

Вардар и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во оваа фаза натпреварите ќе се играат на 6 и 13 август.

Вардар и Шкендија најпрво треба да ја го мина второто коло во Конференциската лига.

На патот на Вардар стои Рига, а доколку го мината второто квалификациско коло, во третото противник ќе им биде победникот од дуелот меѓу Атлет Бисен од Луксембург и ЕТО Ѓер од Унгарија.

Шкендија, доколку го мине словенечки Браво, во третото коло ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Малишева од Косово и Хибернијан од Шкотска.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top