(Видео) Аргентина на среќа и искуство ги елиминира Зелено’ртските острови

Репрезентацијата на Аргентина ги победи Зелено’ртските Острови на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во осминафиналето на Светското првенство. Актуелниот светски шампион славеше по продолженијата – резултатот во регуларниот дел беше 1:1, а по 120 минути игра беше 3:2.

Аргентина победи благодарение на головите на Лионел Меси во 29-та, Лисандро Мартинез во 93-та и автоголот на Дине Борхес во 111-та минута.

Лионел Меси испиша историја, станува првиот фудбалер што некогаш одиграл 30 натпревари на Светското првенство.

Покрај тоа, тој беше стрелец во осмиот последователен натпревар, а учествуваше и во последните 13 гола на својата репрезентација на светските првенства.

Сепак легендарниот Аргентинец, во Мајами, беше во сенка на голманот на островската држава, 40-годишниот Визиња, кој имаше неколку спектакуларни интервенции, две токму против Меси.

Зелено’ртските Острови импресионираа и покрај елиминацијата.

Африканската репрезентација прво израмни со голот на Дерој Дуарте во 59-та минута и избори продолженија, а потоа повторно ја шокира Аргентина во 103-та минута по мајсторијата на Сидни Лопез Кабрал. Сепак, после тоа не можеше да избегне пораз.

Аргентина во осминафиналето за противник ќе го има Египет.

Foto/ EPA

Scroll to Top