Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0.
Четата на Чоло Симеоне, за која од 60-та минута играше и Хулијан Алварез, брутално беше казнета за неискористените шанси во првото полувреме.
Билбао прашањето околу победникот го реши во првите три минути од вториот дел. Нико Вилијамс, погоди со многу среќа во 46-та, а Наваро постигна убав гол во 48-та минута.
Тимот на тренерот од БиХ, Един Терзиќ, прв пат во историјата, постигна два гола во првите три минути од вториот дел.
Точка на мечот стави Сансет во последната минута од натпреварот.
Foto/ EPA







