(Видео) Винисиус е соочен со жестока суспензија за црвениот картон

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, се соочува со многу построга казна, за црвениот картон што го доби против Виљареал, од она што е пропишано според правилата на Ла Лига.

Имено, Бразилецот се однесувал крајно неспортски и по напуштањето на теренот, кратко пред да влезе во тунелот кон соблекувалната.

Видливо разбеснет, тој нападнал и претставник на Ла Лига, речиси го удрил, така што дури и за овој гест, кој најверојатно бил внесен во записникот на делегатите, тој ќе биде санкциониран.

Бразилецот сигурно се соочува со суспензија од најмалку еден натпревар поради црвениот картон, но сега е јасно дека може дополнително да биде казнет бидејќи нападнал службено лице.

Винисиус нема да може да се правда дека не го влечел противникот за коса, како што се обиде да го убеди главниот судија. Како и во тој случај, камерите снимиле сè, па затоа проблематичниот Бразилец може само да ја прифати ситуацијата и да чека да му биде изречена суспензијата.

Доколку биде суспендиран на еден натпревар, ќе го пропушти натпреварот против Севилја, а во случај да биде суспендиран на два или три натпревари, што е реално сценарио, тој нема ни да биде во составот за „Ел Класико“ против Барселона.

Мурињо дефинитивно има проблем, а тоа не се само неубедливите настапи на неговиот тим, туку и однесувањето на еден од најдобрите играчи во тимот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top