(Видео) Дефанзивецот на Арсенал газаше по грбот на Атлетико, Симеоне физички го нападна

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, физички го нападнал Бен Вајт, дефанзивецот на Арсенал, откако тој го прегазил грбот на Атлетико на теренот на стадионот „Метрополитано“.

Инцидентот се случил по напнатиот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој заврши 1:1.

Според извештаите на шпанските медиуми, Симеоне одел зад Вајт кон тунелот и се налутил кога забележал дека дефанзивецот не го заобиколил грбот на Атлетико отпечатен на тревникот.

Видеото објавено од „Марка“ покажува како темпераментниот аргентински тренер го удира Вајт неколку пати по грбот, го зграпчува за рака и нежно го турка. Потоа Вајт се свртел кон Симеоне и вербално возвратил, по што интервенирало обезбедувањето, а англискиот фудбалер продолжил кон соблекувалната.

„АС“, заедно со видеото од инцидентот, додава дека играчот на Арсенал бил нападнат и од синот на Симеоне, Џулијано, кој е десно крило на Атлетико.

Во шпанскиот фудбал, клупските грбови на теренот се сметаат за свети и од играчите се очекува да ги избегнуваат од почит. Снимката покажува како другите играчи од двата тима го заобиколуваат грбот, додека Вајт одлучил да оди директно преку него.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top