Фудбалерите на Бетис го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Ла Лига и му го нанесоа првиот пораз во новата сезона на „кралскиот клуб“.
Херој на големиот триумф во Севилја беше Трој Парот, кој го постигна единствениот гол во 81-та минута. На ирскиот напаѓач му беа потребни само 12 минути на теренот за да ја постигне гол, откако влезе во игра во 69-та минута на местото на Чими Авила.
Натпреварот на стадионот „Ла Картуха“ донесе голема борба, одлично темпо и многу нервоза. Немаше голови во текот на првото полувреме, а Арда Гулер заработи јавна опомена во судиското продолжение.
Во финишот на првиот дел по извонредната акција и несебичната асистенција од Винисиус, Мбапе промаши две големи шанси, неговите обиди ги изблокираа Натан и Бартра.
Во текот на вориот дел, Реал се обиде да најде решение со правење измени. Во 64-та минута, Жозе Мурињо ги внесе Бернардо Силва, Трент Александар-Арнолд и Јан Диоманде истовремено, додека Мануел Пелегрини одговори со внесување на Парот, Нелсон Деоса и Родриго Рикелме.
Потегот на искусниот чилеански стручњак се покажа како одлучувачки. Ирецот го совлада голманот на Реал во 81-та минута и предизвика ерупција од воодушевување кај навивачите.
На крајот, Реал тргна на сè или ништо. Цезар Еспи ја затресе мрежата на Бетис во 87-та минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР.
Драмата кулминираше во четвртата минута од судиското продолжение, кога Реал доби шанса да израмни од пенал. Килијан Мбапе ја презеде одговорноста, но францускиот напаѓач не го реализираше пеналот, па Бетис ја задржа минималната предност и оствари голема победа.
Двата тима го започнуваат натпреварувањето во Лигата на шампионите во вторник, 8 септември. Бетис ќе гостува во Лил од 21:00 часот, додека Реал ќе го пречека Интер на „Сантијаго Бернабеу“ во исто време.
Foto/ EPA







