Фудбалската репрезентација на Хрватска го доживеа најтешкиот пораз во својата историја. На стадионот „Рујевица“ во Риека, Хрватите загубија од Англија со 0:7 (0:4), во третото коло, во Групата 3 од А дивизијата во Лигата на нации.
Официјално третата елекција од последното Светско првенство, демонстрираше сила против Хрватска.
Од првата до последната секунда, Англичаниѕте го диктираа ритамот, речиси кога и да сакаа влегуваа во гол шанса, а седум пати топката заврши зад грбот на Ливаковиќ.
Овој натпревар ги покажа сите слабости на селекцијата која ја води Славен Билиќ и дека ветераните Модриќ, Перишиќ, па и Ковачиќ веќе не се за ова ниво.
Четврицата офанзивни англиски играчи постигнаа по гол во првото полувреме. Серијата ја отвори Кејн, потоа погодија Белингем, Гордон и Сака. Во вториот по гол постигнаа Кејн и Сака, а точка на блескавата англиска игра стави Роџерс.
Во следното четврто коло, Англија ќе игра дома против Чешка, а Хрватска во Сплит ќе го пречека светскиот шампион, Шпанија.
Foto/ EPA







