Кошаркарите на Детроит го победија Орландо со 116:109 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот на Источната конференција. Спектакуларен натпревар одиграа првите ѕвезди на двата тима, Кејд Канингем и Паоло Банкеро.
Детроит Пистонс, најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната. засега избегна елиминација, благодарение на 45-те поени на Кејд Канингем против Меџик во првиот од трите натпревари „биди-или-не“ за најдобриот тим на Истокот во регуларната сезона.
Тој исто така го постави рекордот на франшизата за најмногу постигнати поени во еден плејоф натпревар. Од друга страна, интересно е што Орландо го загуби петтиот натпревар од плејоф серијата по десетти пат, во десеттиот обид.
Тимот од Флорида ќе има втора меч топка за да се пласира во полуфиналето во петок пред своите навивачи.
Освен што го затрупа кошот на противникот, Канингем беше смирен во финишот при резулта 112:109 кога погоди од дистанца и потоа, 32 секунди пред крајот, кога ги реши сите дилеми околу победникот.
На крајот, Пистонс ја заслужија победата во натпревар во кој цело време беа во водство, на почетокот на последниот дел и со 15 поени разлика.
Во поразениот тим, Паоло Банкеро се истакна со исто така 45 поени, но беше лош од линијата за слободни фрлања (5/12).
Канингем, пак, постигна 14 од своите 45 поени од линијата за слободни, тој исто така погоди пет тројки.
Овој пат, Орландо беше без помошта на Франц Вагнер, кој го напушти натпреварот на половина пат поради повреда на мускулот.
Тобијас Харис, по Канингем, беше најдобриот офанзивен играч со 23 поени, додека Данкан Робинсон и Џејлен Дурен постигнаа по 12.
За Орландо, Ентони Блек постигна 19 поени, што е негов плејоф рекорд.







