Арсенал, по петтото коло остана единствениот тим со максимални пет победи во Лигата на шампионите. Во дербито на колото, Арсенал го победи Баерн со 3:1. Натпреварот го обележа катастрофаланата грешка на мануел Ноер, по која Мартинели ја потврди победата на Арсенал.
Арсенал доминираше во првите минути, изгледаше поконкретно и заслужено поведе, со голот на Тимбер. Ноер задоцни со својата реакција.
Но, далеку е од фактот дека Баерн не изгледаше опасно. Баварците изедначија 32-та минута. Кимих испрати милиметарски прецизна топка до Гнабри, кој го проигра младиот Карл за 1:1.
Нова лоша вест веднаш по голот беше повредата на Леандро Тросар, кој беше заменет од Нони Мадуеке во 38-та минута.
Во првото полувреме, одлична шанса имаше и Езе.
Арсенал додаде повеќе гас во второто полувреме и повторно беше опасен од секој пробив. Мерино и Москера имаа шанси, но Ноер остана несовладан.
И потоа, клучните промени во средината на второто полувреме, Калафиори и Мартинели влегуваат во игра, а Мадуеке се пресели на десното крило наместо Сака. Во првиот напад, Езе испрати прецизен центаршут во шеснаесетникот, и таму Мадуеке е на вистинското место за 2:1.
Во 77-та минута сè беше готово. Нојер погрешно процени едно длабоко додавање, Мартинели беше побрз, порано стигна до топката, го заобиколи и потоа лесно погоди за 3:1.







