(Видео) Магија на Трој Перот против Австрија

Република Ирска и Австрија одиграа 2:2, во натпревар од Б дивизијата во Лигата на нации. Ирците не успеаја да ја одбранат предноста од два гола, до која дојдоа со головите на Треј Перот.

На стадионот во Даблин во 12-тата, напаѓачот на Бетис, Перот, го постигна најубавиот гол во досегашниот тек во Лигата на нации.

Перот ја прими топката на 35 метри од голот на Австрија, потоа со брилијантен слалом, нанижа неколку противнички фудбалери и ја заврши акцијата со гол за водство на Ирците.

Тоа беше потег кој за момент потсети на мајсторството на најголемите дриблери што ги видел фудбалот – од Диего Марадона и Лионел Меси до Дејан Савиќевиќ.

Foto/ EPA

Scroll to Top