(Видео) Реал пак го победи Сити, ПСЖ демонстрираше сила во Лондон, спектакуларен гол на Езе против Баер

Реал Мадрид, ПСЖ и Арсенал, му се придружија на Спортинг во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во возвратните натпревари, Реал во Манчестер го победи Сити (2:1), ПСЖ славеше во Лондон над Челзи (3:0), а Арсенал го победи Баер Леверкузен (2:0). Вечерта ја обележа спектакуларниот гол на Езе, против Баер.

Дербиот ма „Еитихад“, започна во пеколен ритам, со една шанса за Реал и две за Сити, а „заврши“ во 20-та минута кога Бенардо Силва доби црвен картон, а Реал пенал. Винисиус постигна гол и ги реши сите дилеми, доколку воопшто ги имаше околу патникот во четвртфиналето.

До крајот на полувремето, во 41-та минута Халанд изедначи. Треба да се истакнат две сомнителни ситуации пред голот на Реал, кога ВАР-от не се вклучи, и во двете инволвиран беше Фран Гарсија. Прво играпе со рака, а потоа го удри по десната нога Шерки.

Во вториот дел, за Реал бранеше Лунин, Куртоа остана во соблекувалната. На Сити ВАР му поништи два гола, на Реал еден. Конечните 1:2 во последните секунди ги постави Винисиус.

Европскиот првак, ПСЖ, на „Стенфорд Бриџ“ против Челзи демонстрираше сила. Сите надежи на „сините“ им ги одзеде за само 14 минути, кога Кварацхелија и Баркола постигнаа по еден гол. По еден час игра, Мајулу го постави конечниот резулта, 0:3.

Арсенал не блескаше, но лесно го победи Баер Леверкузен. Ќе се преразкажува спектакуларниот гол на Езе во 36-та минута. Точка на натпреварот стави Рајс.

Foto/ EPA

Scroll to Top