(Видео) Спектакуларен гол на Хулк, голманот не ја виде топката

Бразилскиот напаѓач Хулк повторно го воодушеви фудбалскиот свет во последното коло од бразилската Серија А.

Во негов стил, со спектакуларен удар од околу 40 метри.

Низ целата своја кариера, Хулк е познат по своите спектакуларни слободни удари, а тоа го демонстрираше уште еднаш во победата на Атлетико Минеиро против Васко де Гама.

Во 32-та минута од натпреварот, беше досуден слободен удар за домашната екипа, по стартот на Уго Моура за црвен картон, а Хулк мајсторски постигна гол од 40 метри за 2:0.

Тој ја истакна својата кандидатура за најдобар гол во новата натпреварувачка година (од август 2025 до август 2026 година), чија награда го носи името на легендарниот Ференц Пушкаш.

Патем, Атлетико победи со доминантни 5:0, а покрај Хулк, во листата на стрелци се запишаа Алонсо, Дуда двапати и Виктор Луис, кој ја затресе сопствената мрежа.

Минеиро победи по пет кола без победа и се искачи на 11-то место во бразилската Серија А, што ги квалификуваше за Копа Судамерикана.

Титулата ја освои Фламенго од Рио де Жанеиро, со три бода предност пред Палмеирас.

Scroll to Top