Винисиус извршил естетска операција по Светското првенство

Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради нешто што го направил на фудбалскиот терен.

Фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи во последните денови предизвикаа голем број реакции, бидејќи напаѓачот на Реал Мадрид изгледа значително поинаку отколку за време на Светското првенство.

Според неколку странски медиуми, 25-годишниот Бразилец одлучил да се подложи на естетска операција откако го завршил настапот на Светското првенство за да ги обликува контурите на брадата и долниот дел од лицето.

Наводно станува збор за процедура што вклучува употреба на филери за подобрување на вилицата.

Процедурата наводно е извршена во бразилска клиника под надзор на дерматологот Алесандро Аларка, иако самиот Винисиус не ги коментирал јавно објавите ниту објавил фотографии од својот нов изглед на своите профили.

Сепак, промената не поминала незабележано. Првите фотографии се појавија на социјалните мрежи, а дополнително внимание привлече објавата на неговата поранешна девојка Вирџинија Фонсека, на која Винисиус позира во нејзината теретана.

Набрзо, видео од него како потпишува дрес за навивач на Реал Мадрид се прошири низ интернет, а неговиот променет изглед, особено од неговиот профил, стана предмет на бројни коментари.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top