Коди Гакпо му соопшти на Ливерпул дека сака да си замине и да се приклучи на Тотенхем, со кого веќе ги договорил финансиските услови.
Ливерпул бара повеќе од 60 милиони фунти за холандскиот репрезентативец, а Тотенхем подготвува понуда што би можела да биде блиску до бараната отштета.
Гакпо пристигна во Ливерпул од ПСВ на почетокот на 2023 година, а за време на престојот на „Енфилд“ беше користен на неколку позиции во нападот, првенствено на левото крило и на врвот на нападот.
Инаку, Тотенхем, во досегашниот тек од преодниот рок, на засилувања потроши речиси 300 милиони евра.
Foto/ Depositphotos







