Дарио Ивановски оствари брилијантен резултат на маратонот во Белград. Во жестока конкуренција, Ивановски го освои второто место.
Гидета Гаса Гемсиса, од Етиопија победи со нов рекорд на патеката – 02:09:11, Ивановски зад победниот задоцни за 34 секунди.
Иако долго време беше лидер, Јохана Ерот од Кенија заврши трет со 02:09:55.
Во главната трка учествуваа 2.350 натпреварувачи, а вкупно 14.500 од 79 земји.
Foto/ FOTO TANJUG/ RADE PRELIĆ







