Словенецот Домен Превц доминираше на леталницата во Кулм, во натпревар кој е дел од Светското првенство. Превц победи со нов рекорд на леталницата, кој сега изнесува 245,5 метри.
Во првата серија, Домен Превц забележа скок од 238 метри, два и пол метри пократок од Австриецот Стефан Ембахер, но имаше подобри оценки и беше на првото место по првата серија.
Словенецот беше феноменален во вториот скок, со скок од 245,5 метри го постави рекордот во скијачки летови, за доминантна победа со вкупно 463,2 поени.
За да биде работата поинтересна, претходниот рекорд на леталницата во Кулм го држеше најстариот Превц, Петер, кој забележа лет од 244 метри во 2016 година.
Ембахер го задржа второто место (скокови од 240,5 и 225 метри, 438,4 поени), додека Норвежанецот Јохан Андре Форфанг го освои третото место со скокови од 225,5 и 224 метри и вкупно 405 поени.
За Превац, актуелен победник на Новогодишната турнеја и олимпски првак на големата скокалница, ова беше 13-та победа на Светскиот куп оваа сезона.
Foto/ EPA







