Возачот на Трекхаус Априлија, Раул Фернандес, триумфираше на Големата награда на Велика Британија, 12-та трка во сезоната во шампионатот Мото ГП.
Шпанецот ја забележа својата втора победа во кралската класа на „Силверстоун“, прва од октомври, кога го освои своето деби на „Филип Ајленд“. Така, по 12-ти пат во кариерата, Фернандес се најде на највисокото скалило на подиумот, а воедно стана и 12-ти различен победник на Големата награда на Велика Британија во последните 12 изданија.
Во целта, Фернандес имаше предност од две и пол секунди пред Хорхе Мартин на Априлија, додека Марко Бецеки беше на третото скалило на подиумот, по херојска трка.
Италијанецот така го комплетираше тројниот триумф за Априлија, четири недели откако ја скрши клучната коска на патеката Заксенринг.
Борбата за победа на Големата награда на Велика Британија практично не постоеше, со оглед на тоа што Фернандес веднаш го презеде водството.
Мартин ја загуби првата позиција на стартот поради проблем со уредот што го крева и спушта мотоциклот на стартот, но брзо успеа да го пронајде вистинскиот ритам. Долго време, Бецеки беше најблиску до Фернандес, но без шанса да го загрози, така што Мартин го престигна Италијанецот на половина од трката и со тоа го обезбеди второто место.
Алекс Маркез од Гресини, заврши на четвртото место, зад него следуваа Педро Акоста од KTM, Фабио ди Џанантонио од ВР46 тимот, кој беше три секунди пред Марк Маркез, кој се мачеше во текот на целиот викенд на трката. Бред Биндер, Лука Марини и Диого Мореира ги комплетираа првите 10 на „Силверстоун“.
Мартин сега води во генералниот пласман со 240 поени, 31 повеќе од Бецеки, додека Огура е трет со 203.
Следната трка од шампионатот Мото ГП е Големата награда на Арагон од 28 до 30 август.
Foto/ EPA







