Индепендент: Америка никогаш повеќе не треба да организира СП

„Соединетите Американски Држави никогаш повеќе не треба да бидат домаќини на Светското првенство по дебаклот од оваа година“, пишува британскиот весник „Индипендент“ во жесток текст.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да го повтори Светското првенство во неговата земја, но без Канада и Мексико.

„Индипендент“ наведува дека Светските првенства им даваат легитимитет на сомнителните режими, како што беше демонстрирано во Катар, а пред тоа и во Русија. Во текстот, исто така, се забележува дека Американците нападнале училиште во Иран за време на Светското првенство, каде што убиле 168 луѓе, претежно деца. За да биде иронијата уште поголема, Трамп ја доби наградата за мир на ФИФА пред натпреварувањето.

Дијаметрално спротивни вредности

„Администрацијата на Трамп има вредности кои се дијаметрално спротивни на оние на Светското првенство. Том Круз одржа бизарен говор за обединување на луѓето и претворање на странците во пријатели“, пишува „Индипендент“.

ФИФА се пофали дека ова Светско првенство било најдобро во однос на заработката. Додадоа повеќе тимови и натпревари. А беше и најалчно, пишува англискиот весник.

„ФИФА е премногу арогантна за да ги слуша советите, но нека го проучи малото Европско првенство во 2024 година, на кое чувството беше многу подобро. Дали ФИФА се грижи за тоа? Апсолутно не. Фудбалот е американизиран. Не дозволувајте Американците повеќе да организираат големи натпреварувања“, завршува текстот.

Foto/ EPA

Scroll to Top