Вице-првакот на Италија е Европа, Интер има намера да засили две позиции до крајот на преодниот рок. На „Џузепе Меаца“ преба да пристигнат играч од средниот ред и стопер, а клубот за оваа намена има буџет од 80 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Кога станува збор за средниот ред, „нераѕурите“ имаа намера да го доведат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сакаше да отстапи од износот на отштета. Рома инсистираше на сума од 50 милиони евра, па Интер на крајот се откажа од Коне.
Сега, според италијанските медиуми, тие го насочија вниманието кон играчот од средниот ред на Рен, Џауи Сисе (21), чиј договор со францускиот клуб е важечки до јуни 2029 година.
Што се однесува до позицијата стопер, во потесниот список останаа уште двајца играчи, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја. Интер донесе четири играчи ова лето, а полскиот играч од средниот ред Никола Залевски беше продаден на Аталанта.
Најмногу го чинеа играчот од средниот ред на Марсеј, Луис Енрике, и централниот напаѓач на Парма, Анж-Јоан Бони. За овие трансфери клубот издвои по 23 милиони евра, а потоа следува хрватскиот репрезентативец и до неодамна играч на Динамо, Петар Сучиќ. На Динамо му е исплатена отштета од 14 милиони евра.
Фото/ Принтскрин