Здружението на професионални фудбалери на Англија, во вторникот вечерта, ги додели наградите на најдобрите од претходната сезона. Најдобар играч е Бруно Фернандес, додека наградата за најдобра кај дамите ја освои Каџа Шо.
Бруно Фернандес е првиот играч на Манчестер Јунајтед кој ја добива наградата, за која одлучуваат колегите играчи, од 2010 година, кога Вејн Руни беше лауреат.
Што се однесува до Каџа Шо од Манчестер Сити, таа ја освои оваа награда втора година по ред. Инаку, Шо е најдобар стрелец во лигата три сезони по ред.
Нико О’Рајли е најдобар млад играч на сезоната, а во женска конкуренција – втора сезона по ред, оваа награда и припадна на Оливија Смит.
Што се однесува до тимот на годината, играчите гласаа на следниов начин:
Давид Раја (Арсенал); Јуријан Тимбер (Арсенал), Вилијам Салиба (Арсенал), Габриел (Арсенал), Нико О’Рајли (Манчестер Сити); Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс (Арсенал), Рајан Шерки (Манчестер Сити); Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Антоан Семењо (Манчестер Сити), Игор Тиаго (Брентфорд).
Foto/ Depositphotos







