Комо за 45 милиони евра го договори трансферот на Кин

Комо ќе донесе големо засилување во нападот, откако постигна договор за трансферот на напаѓачот на Фиорентина, Мојзе Кин, тврдат италијанските медиуми.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, зделката треба да вреди вкупно 45 милиони евра. Комо е подготвен веднаш да издвои 40 милиони, додека преостанатите пет милиони би биле исплатени преку бонуси.

Фиорентина претходно одби понуда за својот напаѓач вредна околу 30 милиони евра, но Комо потоа значително ја зголеми сумата и се приближи до реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на клубот.

Се очекува преговорите меѓу двата клуба наскоро да бидат завршени.

Кин пристигна во Фиорентина од Јувентус и повторно го привлече вниманието кон себе со добри игри, а евентуалното заминување во Комо би претставувало еден од најзначајните трансфери ова лето во Серија А.

Комо ја отвори новата сезона од италијанското првенство со нерешен резултат против Удинезе, 1:1.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top