Реал Мадрид официјално го потврди доаѓањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, кој потпиша договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2030 година.
Конате пристигнува во Реал Мадрид како слободен агент по истекот на неговиот договор со Ливерпул и ќе претставува засилување за одбранбената линија на тимот предводен од Жозе Мурињо.
Францускиот интернационалец беше еден од најважните дефанзивци на Ливерпул во претходните сезони, но одлучи да не го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“.
Реал Мадрид донесе одлука да го ангажира 27-годишниот стопер како дел од долгорочната стратегија за зајакнување на тимот со играчи кои можат да бидат лидери на тимот во наредните сезони.
Конате претходно играше за Сошо и Лајпциг пред да се пресели во Ливерпул во 2021 година. Тој одигра повеќе од 130 натпревари во сите натпреварувања за клубот од „Енфилд“.
Французинот ќе биде уште едно засилување за одбраната на Реал Мадрид, кој во текот на преодниот рок работеше на освежување на одбранбената линија каде што веќе пристигна Марк Кукуреља, а наскоро се очекува и официјалното потпишување на Дензел Дамфрис. Редот за врска, од вчера, Реал го засили со искусниот Бернардо Силва.
Португалецот исто како и Конате, во Мадрид, пристигна како слободен играч од Манчестер Сити.
Foto/ Depositphotos







