Кристијан Бајовски и официјално е Гинисов рекордер: 1.257 склекови за еден час

Македонецот Кристијан Бајовски и официјално е Гинисов рекордер, откако Guinness World Records го верификуваше неговиот подвиг од 28 јуни годинава, кога направи 1.257 склекови за еден час, со гради до под и ранец тежок околу десет килограми.

Бајовски го постигна резултатот на 28 јуни 2026 година, но официјалната потврда од Guinness World Records пристигна подоцна, по процесот на верификација на рекордот.

На официјалната страница на Гинис сега е наведено дека Бајовски е носител на рекордот со 1.257 склекови за еден час.

Со овој резултат тој го надмина претходниот рекорд од 1.208 склекови.

Официјалната потврда што ја објави Бајовски ги содржи неговото име, постигнатиот резултат, Скопје како место на поставување на рекордот и датумот 28 јуни 2026 година.

Scroll to Top