Лапорта не жали што Меси ја напушти Барселона

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година.

Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот.

„Добро го примив. Тоа беше спонтан чин на неговата љубов кон Барселона. Не знаев, но тоа е негова куќа. Беше со своите пријатели, шеташе, само вечераше и спонтано застана“, објасни претседателот, додавајќи дека има добар однос со Меси.

„Тој игра за Интер од Мајами. Знае дека е сакан и ценет за тоа кој е и дека секогаш ќе биде добредојден. Праведно ќе биде да ја добие најголемата почит во светот. Би било прекрасно да се одржи тука, пред 105.000 навивачи.“

Кога беше прашан за заминувањето на аргентинската ѕвезда, Лапорта остана цврст на својот став. „Не жалам. Барса е над сè. Не можеше да биде поинаку“, рече тој.

Меси одигра 778 натпревари за Барселона, постигна 672 гола и асистираше за уште 303.

Scroll to Top