Македонските тимови ги дознаа противниците во ЕХФ Европскиот куп

Македонија новата сезона во ЕХФ Европскиот ќе ја претставуваат три клуба, екипи што веќе го освоија ова натпреварување, Алкалоид и ГРК Охрид, односно Бутел.

Попладнево во Виена се одржа ждрепката, по која акедонските претставници во ЕХФ Европскиот куп ги добија противниците. Бранителот на трофејот во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид, одбраната на титулата ќе ја започне со дуелите против турскиот тим Спор Тото.

Првиот натпревар ќе се одигра во Охрид на 17 или 18 октомври, додека реваншот е закажан за 24 или 25 октомври во Турција.

Екипата на Алкалоид, победник пред две сезони, ќе се сретне со претставникот на Австрија, Ферлах.

Екипата на Бутел ќе игра против хрвтаскиот тим Горица.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top