Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата со Карем Адејеми

Иднината на германскиот напаѓач Карим Адејеми во Борусија Дортмунд е под знак прашалник, а според германските медиуми, Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата. Главната причина за неизвесноста е нарушениот однос меѓу 23-годишникот и тренерот Нико Ковач, што би можело да го забрза неговото заминување од клубот, пишува „Дејли Мејл“.

Проблемите се натрупуваат за младиот напаѓач и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал гол, ниту асистенција од крајот на септември, а тензиите со хрватскиот тренер Нико Ковач кулминираа во јавена расправа.

Инцидентот се случи на 25 октомври за време на победата од 1:0 против Келн, кога Адејеми фрли шише со вода кон клупата додека го напушташе теренот. Ковач јавно го осуди таквото однесување.

Фрустрациите продолжија и во текот на викендот во драматичното реми со Хамбург (1:1), кога Ковач беше видливо незадоволен од одлуките на Адејеми на теренот, поради што го замени во 66-та минута.

Според „Билд“, шпекулациите за иднината на Адејеми веќе се започнати. Иако неговиот договор истекува во 2027 година, неговиот тим инсистира на долгорочно продолжување кое би вклучувало клаузула за откуп проценета на околу 80 милиони евра.

Клучна улога во евентуален трансфер би можел да игра супер агентот Жорге Мендес, кого Адејеми неодамна го ангажираше. Мендес има одлични односи со раководството на „Олд Трафорд“, каде што веќе посредуваше за доаѓањето на Лени Јоро и Мануел Угарте.

На 121 настап за тимот од Дортмунд, Адејеми постигна 29 гола и запиша 22 асистенции.

Scroll to Top