Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот. Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу.
Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече.
Рабио и Роу, според француските медиуми се степале во соблекувалната по натпреварот, поради што клубот донесе одлука да ги стави двајцата на трансфер листата, наведувајќи во соопштение дека тоа е „неприфатливо однесување“.
„Одлуката е донесена во договор со стручниот штаб и во согласност со внатрешниот кодекс на однесување“, изјави клубот.
Мајката на Рабио, која е и негов менаџер, Вероника Рабио, претходно изјави за телевизијата РТЛ дека одлуката е иницирана од тренерот Роберто Де Зерби поради „недостаток на посветеност“.
30-годишниот Рабио пристигна во Марсеј минатото лето и имаше одлична сезона, помагајќи им да се квалификуваат за Лигата на шампионите со десет гола и пет асистенции.
Пред помалку од десет дена, тој рече дека „најдобро би било да остане во Марсеј“, па веста за неговото заминување е големо изненадување.
Тој одигра 53 натпревари за француската репрезентација.
Роу, кој не одигра значителен број минути минатата сезона, претходно беше најавен како играч кој би можел да го напушти клубот.
Фото/ Принтскрин