Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч.
Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни клубови подготвени да потрошат околу 30 милиони евра, но Касадо одлучи да остане на „Камп Ноу“. Клубот ја прифати неговата одлука и не планира да го принуди да си замине.
Сосема поинаквае ситуацијата со Жерар Мартин (23). Вулверхемптон понуди 15 милиони евра за левиот бек. Барселона ја прифати таа сума бидејќи значително би помогнала во решавањето на проблемот со FFP и започна преговори.
Сепак, Мартин го одби трансферот и не сака да слуша за понудите што доаѓаат за него, пишува Каталонски „Спорт“. Тој сигурно ќе остане во клубот до јануари, кога ќе се разгледа колку е важен за тренерскиот тим на Ханси Флик, а потоа, доколку не игра важна улога, би можел да си замине.