Сезона без трофеј секогаш предизвикува бура во Реал Мадрид, а две такви се рамни на катастрофа во најславниот клуб во светот.
Иако поединци одиграа значајни натпревари, покажаа добра форма во текот на целата сезона, испаѓањето од борбата за трофеите предизвика сериозни анализи во и околу клубот.
Во центарот на вниманието е Килијан Мбапе, кој индивидуално има исклучително добра сезона, но тоа не беше доволно за тимот да ги постигне посакуваните резултати.
Шпанските медиуми, особено оние блиски до мадридскиот гигант, сè повеќе го доведуваат во прашање неговото влијание во соблекувалната.
Режисерот на емисијата „Ел Партидазо“, Хуанма Кастањо, изнесе тврдења кои се однесуваат на случувањата зад сцената.
„Зад затворени врати, Реал верува дека Мбапе не е лидерот што го очекуваа, ниту на теренот ниту во соблекувалната. Тој нема авторитет кај своите соиграчи, едноставно мора да направи чекор напред ако Реал сака трофеи“, рече Кастањо.
Давид Санчез од радио „Марка“ имаше сличен тон, посочувајќи ја разликата помеѓу индивидуалниот квалитет и тимскиот успех.
„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, но многу зависи од тимот. Тој сè уште постигнува многу голови, но многу е потешко да се освојат трофеи во Шпанија отколку во Франција.“
Foto/ Depositphotos







