Најпрофитабилниот договор за спонзорство во ПЛ – Ливерпул и Туркиш ерлајнс

Фудбалскиот клуб Ливерпул, објави дека од 1 јуни 2027 година ќе имаат нов главен спонзор – Туркиш ерлајнс.

Од почетокот на сезоната 2027/28, логото на новиот спонзор ќе биде прикажано на дресовите на машките, женските и младинските тимови.

„Ова е почеток на ново поглавје во комерцијалната историја на клубот и прва промена на главниот партнер на клубот во последните 17 години“, се наведува во соопштението. Г

Главниот спонзор на Ливерпул, Стандард Чартед, останува непроменет оваа сезона, а соработката што започна во 2010 година ќе заврши на крајот од сезоната.

Кога ќе заврши најдолгата комерцијална соработка во историјата, Ливерпул ќе ја започне онаа што моментално е најпрофитабилна во Премиер лигата.

Туркиш ерлајнс е всушност третиот спонзор чие лого ќе се појави на предната страна од дресот на Ливерпул во последните 35 години, а шестиот вкупно од 1979 година.

Имињата на „Хитачи“ (1979-1982), „Краун пејнтс“ (1982-1988), „Канди“ (1988-1992), „Карлсберг“ (1992-2010) и „Стандард Чартерд“ ги носеа играчите на Ливепрул на градите во текот на изминатите 16 години.

Ливерпул има договор вреден околу 50 милиони фунти од договорот со Стандард Чартерд.

Договорот со Туркиш ерлајнс ќе му донесе на Ливерпул повеќе од 60 милиони фунти годишно, што значи – повеќе од 300 милиони фунти во текот на првите пет години од договорот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top