Дани Олмо повторно го привлекува интересот на најголемите европски клубови. Офанзивниот играч за врска на Барселона досега се појави во сите седум кола од Ла Лига оваа сезона и забдлежа три асистенции, иако само двапати беше во почетниот состав. Тренерот Ханси Флик често го ротира тимот поради големата конкуренција во нападот, но Олмо е сè уште важен дел од ротацијата.
Шпанецот влезе во новата сезона откако го освои светското првенство со Шпанија, а претходно беше еден од клучените играчи во освојувањето на Европското првенство во 2024 година.
Неговиот напредок во националниот тим и искуството во германската лига се причините зошто европските гиганти сè уште го следат. Според информациите од „Скај Спортс Германија“, Баерн Минхен го вклучи 28-годишниот репрезентативец на листата на посакувани засилувања и веќе ја анализира можноста за трансфер во јануари.
Германскиот клуб веќе подолго време покажува интерес за Олмо. Неговите четири сезони во РБ Лајпциг беа многу значајни во Бундеслигата, а Баерн сакаше да го доведе дури и пред тој да одлучи да се врати во Барселона во 2024 година.
Сега таа идеја повторно стана актуелна. Планот на Баерн е поврзан со иднината на Џамал Мусијала и Михаел Олисе. Доколку еден од нив го напушти Минхен, Олмо е првата алтернатива што ја разгледува германскиот клуб.
Интересот на Баерн доаѓа само две години откако Барселона инвестираше во враќањето на Олмо. Каталонскиот клуб плати околу 55 милиони евра за да го врати во своите редови во 2024 година. Олмо помина низ школата Ла Масија на Барселона и се разви како играч во Динамо и Лајпциг. Од неговото враќање, тој постигна 20 гола и 20 асистенции во 96 натпревари за Барса. Неговата прва сезона беше особено успешна со 12 гола во 39 настапи, додека минатата сезона додаде уште осум гола.
Баерн е свесен дека доведувањето на Олмо од Барселона нема да биде лесна задача. „Скај Спортс Германија“ ја проценува неговата вредност на околу 70 милиони евра. Таа бројка го одразува неговиот квалитет, но и фактот дека Барселона во моментов нема планови да го продаде својот репрезентативец. Олмо има договор до 2030 година.
Засега нема официјална понуда. Баерн сè уште ја разгледува таа опција за јануарскиот преоден рок, и сè зависи од тоа што ќе се случи со Мусијала и Олисе.
Foto/ Depositphotos







