Откажан турнирот „Шест Кралеви Слем“

Турнирот на шесте најдобри тенисери во светот, во Ријад, од 21 до 24 октомври, нема да се одржи. Третото издание на егзибицискиот турнир „Шест кралеви слем“ е откажан поради неодамнешните напади на Хутите врз аеродромот во главниот град на Саудиска Арабија, во кои имаше и жртви.
Организаторите во соопштението наведоа дека турнирот е поместен во периодот од 27 до 30 декември, кога тенисерите се во екот на подготвките за новата сезона, пред да заминат за Австралија. Сепак, одржувањето на турнирот ќе зависи од геополитичката ситуација во сè понестабилниот регион.
Тоа е еден од спортските настани со најголеми награди за учесниците. Само за учеството, на секој тенисер му е гарантирана сума помеѓу еден и пол милион и два милиони долари, додека победникот добива шест милиони.
Јаник Синер ја освои главната награда во претходните две изданија. Италијанецот веќе се откажа од годинашниот настап поради повреда на левото колено, а беше заменет од младиот Американец Лернер Тиен.
Најголеми ѕвезди на турнирот требаше да бидат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, кои, благодарение на поголемиот број на Гренд Слем титули, обезбедија директен пласман во полуфиналето.
Во четвртфиналето, Германецот Александар Зверев, кој наскоро ќе го преземе првото место на светската ранг-листа, требаше да игра против Американецот Тејлор Фриц, додека Австралиецот Алекс де Минор требаше да игра со Тиен.
Вкупниот награден фонд на турнирот „Шест Кралеви Слем“ изнесува 13,5 милиони долари.
– Котизација за учество: На секој од шесте тенисери им се загарантирани 1,5 милиони долари за самиот настап;
– Награда за победникот: Шампионот добива вкупно шест милиони долари – 1,5 милиони за учество и дополнителни 4,5 милиони за победа на турнирот;
– Трофеј: Победникот добива и реплика на тениски рекет во природна големина, изработена од 24-каратно злато.
