Фудбалскиот клуб Интер Мајами на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Лионел Меси, која Аргентинецот ја заработи на натпреварот против мексиканската Некакса, не е од сериозна природа. Сепак, сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот и дека неговото закрепнување, како и влегувањето во тренинг, ќе бидат под посебен надзор. Пред две ноќи, Меси го напушти теренот по само 10 минути. Почувствува болка во мускулот на десната нога и само седна на тревата, но подоцна беше утврдено дека не е ништо сериозно и дека паузата ќе биде многу пократка од очекуваното. Но, кога ќе се врати останува прашање. Тој сигурно нема да биде таму во среда на дуелот против УНАС Пумас. Фото/ Принтскрин
