Возачот на Гресини, Алекс Маркез, успешно е опериран во Барселона по несреќата што ја доживеа за време на Големата награда на Каталуња.
Шпанецот претрпе мала фрактура на седмиот пршлен и ја скрши клучна коска во грозоморен инцидент за време на шестата трка од сезоната.
Маркез беше опериран на клучната коска во недела вечерта, му беше вметната метална плочка и ќе биде отпуштен од болница во текот на денот. Што се однесува до фрактурата на пршленот, неговата состојба ќе се следи во наредните денови, па ќе се знае понатамошниот тек на закрепнувањето.
Помладиот од браќата Маркез беше повреден во инцидент што се случи на 12-тиот круг во Каталуња, кога Педро Акоста одеднаш забави поради техничка проблем во 10-тата кривина, а возачот на Гресини се судри со него.
Силата на ударот го исфрли моторот на Маркез на тревата крај стазата, а потоа „полета“ и се распадна на парчиња, додека возачот на Гресини продолжи да се тркала по земјата. За среќа, медицинскиот тим успеа брзо да му пружи прва помош.
Todo controlado!!
Toca pasar por quirófano esta noche, pero no podría estar en mejores manos.
Muchísimas gracias a todos por preocuparos y por los mensajes de cariño que estoy recibiendo 💙 pic.twitter.com/tY15py29Eq— Alex Márquez (@alexmarquez73) May 17, 2026
Алекс Маркез се огласи на социјалните мрежи и рече дека сè е под контрола, заблагодарувајќи им се на навивачите за нивната поддршка и многуте пораки што ги доби пред операцијата.
Токму инцидентот доведе до првото запирање на трката, а по ре-стартот, имаше уште едно црвено знаме, поради инцидентот во кој беа вклучени Жоан Зарко, Франческо Бањаја и Лука Марини.
Зарко беше заробен под Дукатито на Банњаја, а излезе со повредени лигаменти на коленото и скината фибула.
На крајот, возачот на ВР46, Фабио ди Џанантонио, го однесе триумфот во Барселона, пред Жоан Мир од Хонда и Фермин Алдегер од Гресини. Сепак, два часа по трката, Мир беше казнет поради недозволен притисок во гумите, па Алдегер беше промовиран на второто место, додека Бањџаја на третата позиција.
#AlexMarquez mi fa pensare che c’è un destino individuale.
Oggi non era scritta la sua ora di fine vita terrena. pic.twitter.com/vC53zTdeNH— Anto_nacci (@antonio_bonini) May 17, 2026
Foto/ Depositphotos







